Утрински Весник
Спорт

Луис Енрике: Барселона ќе победува и без Меси

Луис Енрике: Барселона ќе победува и без Меси
Ss2

Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, вели дека клубот ќе продолжи да победува да освојува трофеи и кога Лионел Меси ќе замине од „Ноу Камп“.

Еден од најдобрите играчи во историјата ова лето имаше желба да ја напушти Барселона, меѓутоа извесно е дека тој ќе замине наредното лето кога ќе му заврши договорот со клубот.

Img 5587

Доколку се случи тоа Луис Енрике смета дека навивачите не треба да бидат загрижени.

„Клубовите се над играчите и претседателите. Барселона постои од 1899 година, тоа е еден од најдобрите клубови во светот. Секогаш овој клуб освојувал трофеи, тоа ќе го прави и во иднина. Порано или подоцна Лео ќе замине, но Барса ќе победува и без него“, рекол актуелниот селектор на Шпанија.

Енрике соработуваше со Меси од 2014 до 2017 година. Во овој период Барселона освои две титули во Ла Лига, три во Купот, една во Лигата на шампионите…

> Луис Енрике: Барселона ќе победува и без Меси <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот

Штербик доживеал срцев удар – 24info.mk

Ѓоковиќ се раздели со уште еден тренер од својот тим