Утрински Весник
Свет

Трамп: На секој ирански напад ќе возвратиме со 1.000 пати поголем напад

Трамп: На секој ирански напад ќе возвратиме со 1.000 пати поголем напад
300x250 (7)

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека одговорот на секој ирански напад ќе биде 1.000 пати поголем, по извештаите дека Иран има намера да се одмазди за убиството на водечкиот генерал Касем Сулејмани.

Еден извештај на американските медиуми повикувајќи се на неименувани официјални лица вели дека во наводниот ирански заговор е планирано убиство на американскиот амбасадор во Јужна Африка пред претседателските избори во ноември.

Ss1

„Според извештаите на медиумите, Иран можеби планира атентат или друг напад против САД како одмазда за атентатот врз терористичкиот водач Сулејмани“, објави Трамп на „Твитер“.

„Секој ирански напад, во која било форма, против САД ќе биде возвратен со напад врз Иран 1000 пати поголем во магнитудата!“, Напиша Трамп.

Односите меѓу Вашингтон и Техеран се затегнати уште од Иранската револуција, а тензиите ескалираа откако Трамп еднострано ги повлече САД од меѓународниот нуклеарен договор со Иран во мај 2018 година.

Во јануари, од американски дрон е убиен Сулејмани во Багдад, а Вашингтон се залага за продолжување на вооруженото ембарго кон Иран, кое почнува постепено да истекува во октомври, како и за повторно воведување на санкциите на ООН против исламската република.

Портпарол на иранското Министерство за надворешни работи го отфрли извештајот за заговорот за атентат како „неоснован“ и како „повторени коруптивни методи за создавање антииранска атмосфера на меѓународната сцена“, истакна тој

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Хамас навести дека сака да ги продолжи преговорите за прекин на огнот

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Шестмина загинати во украински напад со дронови врз рускиот регион Белгород