Утрински Весник
Свет

Почина Момчило Краишник, ја загуби битката со коронавирусот

Почина Момчило Краишник, ја загуби битката со коронавирусот

Поранешниот претседателот на парламентот на босанските Срби и хашки осуденик, Момчило Краишник (75) почина денеска како последица на корoнавирусот, објавија српските медиуми.

Краишник бил примен во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска откако бил заразен со Ковид-19.

Раководството на Универзитетскиот клинички центар на Република Српска, предводено од генералниот директор проф. д-р Владо Чајиќ изразува искрено сочувство до семејството на починатиот, пишува Српскаинфо.

Краишник беше прв претседател на Националното собрание на Република Српска. Тој беше осуден од Хашкиот трибунал на 17 март 2009 година на 20 години затвор за злосторства извршени за време на војната во БиХ. Откако издржа две третини од казната, тој беше ослободен во 2013 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нетанјаху зборуваше на хебрејски во ОН, мавташе со карти, па ги нападна европските земји (ВИДЕО)

Делегатите масовно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН поради обраќањето на Нетанјаху (ВИДЕО)

УЕФА идната недела ќе донесе конечна одлука за евентуална суспензија на Израел