Утрински Весник
Свет

Трамп му пркоси на гувернерот на Невада со митинг во затворен простор близу Лас Вегас

Трамп му пркоси на гувернерот на Невада со митинг во затворен простор близу Лас Вегас

Американскиот претседател Доналд Трамп вчеравечер одржа митинг во затворен простор во еден магацин во близина на Лас Вегас, каде го нарече гувернерот на државата „политички медиокритет“ и го повика да ја отвори државата, пренесува „Њујорк пост“.

Говорејќи пред илјадници приврзаници собрани во фабриката во Хендерсон, Трамп жестоко го критикуваше гувернерот Стив Сисолак, кој претходно го нападна Трамп поради одржувањето на митингот со што ја прекришл државната забрана која ги ограничува собирите на 50 лица.

„ Сега имате гувернер кој е политички медиокритет. Патем, кажете му на вашиот гувернер да ја отвори вашата држава. Отворете ја вашата држава“, им рече Трамп на присутните.

Државната економија работи со засебни ограничувања во секоја држава според нивните индивидуални нивоа на ризик од коронавирус. Казината и рестораните во округот Кларк во Лас Вегас, на пример, работат со капацитет од 50 отсто. Но, баровите и таверните во округот остануваат затворени.

Сите окрузи мора да се придржуваат до државните наредби за ублажување на пандемијата, вклучително и носењето маски и ограничувањето на собирите поголеми од 50 лица.

Одлуката на Трамп да биде домаќин на митингот во недела вечерта – негов втор во исто толку денови во Невада со повеќе од 50 луѓе – Сисолак ја опиша како несовесна и себична.

„ Претседателот Доналд Трамп презема непромислени и себични активности што ставаат во опасност безброј животи во Невада. Претседателот, се чини, заборави дека оваа земја е сè уште во средина на глобална пандемија “, рече Сисолак.

Трамп ги увери своите приврзаници дека ќе ги поддржи во случај да се појават какви било проблеми од присуството на митингот во затворените простории.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков