Утрински Весник
Економија

Се намалуваат цените на горивата

Се зголемува цената на бензините

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,93% во однос на Одлуката од 07.09.2020 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 ден/кг и ќе изнесува 24,549 ден/кг.

Од 15.09.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 58,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 60,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 24,549 (денари/килограм)

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Просечната плата во јуни помала за 1.163 денари во однос на месец мај

120 милиони евра повеќе БДП, за само две години економијата го забрзува чекорот

НБ: Во јули годишен раст од 8,8% на вкупните депозити и 13,3% на вкупната кредитна