Утрински Весник
Македонија

(Видео) Новиот министер за правда најави ветинг во судството

(Видео) Новиот министер за правда најави ветинг во судството

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, најави ветинг во правосудството, иако вели дека е свесен дека тој процес нема да биде завршен за само неколку месеци.

„ Ова подразбира проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување на корупција. Судскиот совет, од своја страна, пак, во согласност со новите закони, треба да направи детална проверка на работата на судиите, особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање, ретки рочишта и слично“, рече Маричиќ.

Тој истакна дека довербата на јавноста во правосудството е на загрижувачко ниско ниво.

Маричиќ најави и ревизија по случаен избор на 5% од предметите од висок профил, на случаи кои застариле да се утврди причината.

„ Моја мисија е и да предложам со законски измени врз основа на кои Јавното обвинителство ќе мора редовно и континуирано да ја информира јавноста за својата работа и напредокот во предметите кои ги следат граѓаните, рече тој.

Понатаму, како што нагласи, ќе работи на унапредување на АКМИС-от и електронско поврзување на судовите со јавните обвинителства, задолжителна електронска комуникација со адвокатите, извршителите, нотарите, медијаторите, Агенцијата за катастар на недвижности, Централниот регистар, Државното правобранителство и други субјекти.

„ На врвот на листата на приоритетите е и успешен почеток и непречено спроведување на пристапните преговори со Европската Унија за Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права. Во моментот се договара преговарачката рамка и се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе ја имаме до крајот на годинава“, рече Маричиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Девет колумбијки приведени во Гостивар за злоупотреба на туристички престој

Јаневска: Граѓанскиот сектор е клучен за креирање успешни образовни политики

Функционална медијација е клуч за растеретување на судовите и намалување на процесните трошоци