Утрински Весник
Македонија

Истече јаловина од рудникот Саса, инспекторите на терен

Истече јаловина од рудникот Саса, инспекторите на терен

Денеска, околу шест часот, се случил дефект на насипот на јаловиштето број 4 на рудникот Саса, предизвикувајќи краткотрајно истекување на јаловишни води во локалниот речен тек. Набргу по дефектот истекувањето е запрено и состојбата е нормализирана.

Професори од рударскиот факултет во Штип и градежниот факултет во Скопје, заедно со стручни екипи на компанијата, отпочнаа детална истрага за да ги утврдат причините за инцидентот. Првичните резултати од истрагата покажаа дека дефектот не претставува закана за здравјето и безбедноста на вработените во рудникот и на жителите во неговата околина.

Дополнително, постапувајќи согласно одредбите од Законот за заштита на животната средина и правилата од А-интегрираната еколошка дозвола, за настанот се известени и сите надлежни институции на државно и локално ниво, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) МВР го најде и уапси малолетникот што дивееше со мотор низ Штип

Се бара притвор за дилер од Тетово

СДСМ: Малцинствата се македонски граѓани, Мицкоски ве лаже!