Утрински Весник
Спорт

Нејмар: Жалам што расистот не го удрив по лицето

Нејмар: Жалам што расистот не го удрив по лицето

Фудбалерот на ПСЖ Нејмар изјавил дека жали што не го удрил во лицето играчот на Марсеј Алваро во финишот на синоќешното дерби. Марсеј по девет гоини успеаја да победат во Пари со голот на Тован.

Во финишот на мечот се случи инцидент, во кој еден од актерите беше Нејмар. Бразилецот по прегледувањето на снимката доби црвен картон. Вкупно главниот судија покажа пет жолти картони.

По мечот Нејмар рекол дека го нападнал противникот бидејќи бил навреден на расна основа, а потоа се огласил и на социјалнните мрежи.

„Жал ми е само што не го удрив се….о во лицето. Лесно беше да се води мојата агресија со ВАР. Би сакал ВАР да го покаже делот кога расистот ме нарече мајмунски к….н син“, напишал Нејмар на Твитер.

> Нејмар: Жалам што расистот не го удрив по лицето <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство