Утрински Весник
Свет

СЗО: Рекорден пораст на бројот на заразени со Ковид-19 во светот

Италијанка по трет пат заболела од коронавирус
Dik 300x250 mk

Светска здравствена организација (СЗО) извести за рекорден пораст на бројот на новозаразени со коронавирус во светот за само еден ден. Вчера се регистрирани 307.930 новозаболени лица за само 24 часа.

Бројот на починати од последици од новиот коронавирус вчера се зголеми за 5.537 лица со што вкупната бројка на смртни случаи во светот се искачи на 917.417.

Најголем пораст на заразени лица има во Индија, САД и Бразил. Индија пријавила 94.372 новозаболени лица, по што следат САД со 45.523 заразени и Бразил со 43.718 инфицирани со вирусот.

Здравствените власти во САД и Индија пријавија над илјада починати за еден ден, додека во Бразил од последици од Ковид-19 починале 874 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник