Утрински Весник
Свет

Во Мелбурн протести против карантинот, уапсени се над 70 лица

Во Мелбурн протести против карантинот, уапсени се над 70 лица
Dik 300x250 mk

Над 70 лица се уапсени за кршење на прописите за останување во домовите, за време на протестот против карантинот во Мелбурн.

Околу 250 лица присуствуваа на протестот, и покрај тоа што истиот не доби дозвола од надлежните органи.

Демонстрантите игнорирајќи ги забраните за собири на отворено, побараа да се укине карантинот во вториот по големина град во Австралија.

Вкупно 176 лица биле парично казнети поради закани кон полицајците за време на протестот.

Полицискиот час, ограничувањата за посети на домови за стари лица и болници и ограничувањата за патување на повеќе од пет километри од домовите, ќе останат во сила до 26 октомври.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари

Најмалку седум загинати при уривање на карго-авион на „ЈупиЕс“ во Кентаки