Утрински Весник
Свет

Локални избори во Русија

Локални избори во Русија

Во 41 регион во Русија се спроведуваат локални избори, од кои во 18 се бираат гувернери, во 11 ќе се изберат регионални законодавни тела, а 22 градови гласаат за општинските законодавни тела.

Покрај тоа се одржуваат и избори за четири места кои се испразнети во рускиот парламент – Државната дума.

Право на глас имаат околу 35 милиони гласачи.

На гласањето не се поканети набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус