Утрински Весник
Македонија

Приведени 24 танчерки од странство пронајдени во угостителски објект во Тетово

Шпанците ги затвораат борделите поради епидемијата
Dik 300x250 mk

Синоќа при акциска контрола од полициски службеници, во угостителски објект лоциран покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје, биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки од кои две македонски државјанки, а 24 странски државјанки (пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина). Тие биле приведени.

Исто така, и кај едно женско лице од Албанија (танчерка) била пронајдена марихуана, а кај А.А.(28) од селото Радуша-скопско бил пронајден нож.

Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово.

Од полицијата информираат и дека во угостителски објект во селото Жеровјане-тетовско бил приведен С.А.(25) од Прешево-Р.Србија поради нерегилиран престој во РСМ и во угостителски објект во с.Горно Седларце-тетовско приведени биле Г.Ќ.(28) и Р.О.(22) од Р.Албанија поради нерегулиран престој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!