Утрински Весник
Македонија

Приведен арачиновец кој во автомобилот чувал пиштол без дозвола

Притвор за скопјанец кој криел пиштол во својот автомобил

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Ј.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

„На 8 септември околу 17.30 часот, од полициски службеници на клучка селото Арачиново кон населбата Ченто, извршен бил преглед на моторно возило сопственост и управувано од пријавениот. При прегледот на возилото под предното седиште пронајдени се еден пиштол „Tokarev TT-33“ калибар 7,62х25мм со рамка со 5 куршуми. Пронајдените предмети со потврда се одземени од Н.Ј., а тој бил лишен од слобода во Полициската станица Гази Баба по што бил извршен разговор, а воедно бил известен и Јавен обвинител“, информираат од полицијата.

Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје, извршени се проверки при што е констатирано дека пронајдениот пиштол не евидира во службените евиденции на регистрирани оружја, односно истиот бил без дозвола.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!