Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Трипуновски поднел барање за апанажа затоа што СДСМ го избрка од работа

ВМРО-ДПМНЕ: Трипуновски поднел барање за апанажа затоа што СДСМ го избрка од работа

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ се реваншира со поранешниот дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, заради тоа што јавно ги обелоденил сите криминали на власта во делот на земјоделието.

„Трипуновски поднел барање за апанажа затоа што СДСМ го избрка од работа и го остави на улица како родител на две деца. Наместо СДСМ да се занимава со законската апанажа на Трипуновски кого го избрка СДСМ од работа, да се занимава со мафијата на Заев која краде од народот. Навистина е лицемерно што СДСМ е пикната во глувчешка дупка кога станува збор за одговори како перела пари со анти НАТО бизнисменот Дака од Панама и купувала земјиште во Тетово каде сега ќе никнат 2000 станови, а молчи за партискиот реваншизам врз Трипуновски и пушта реакции за законски побараната апанажа. Во исто време СДСМ ги лаже лозарите и ги притиска по багателна цена да го продаваат грозјето. Заев молчи и за поскапата струја и фактот дека го кршат законот кога цената ја покачува партискиот извршител на мафијата Бислимовски.

Само чевлите на сопругата на премиерот вредат повеќе од апанажата на Трипуновски, и неможејќи да одговорат за вистинаките афери фабрикуваат невистини“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година