Утрински Весник
Свет

(Видео) Анкара ја погоди песочна бура, ветрот корнеше дрвја

(Видео) Анкара ја погоди песочна бура, ветрот корнеше дрвја

Шест лица се полесно повредени денеска во Анкара, која беше погодена од ретка песочна бура, пренесува турскиот весник Хуријет.

Песочната бура ги погоди окрузите Олатли и Хајман околу 15 часот по локално време, а претходно беше издадено предупредување за силен дожд и невреме.

Гувернерот на Анкара, Васип Шахин, рече дека шест лица се полесно повредени.

Ветерот оштети неколку покриви на куќи и згради, откорна дрвја, а граѓаните во паника бараа засолниште, пишуваат турските медиуми.

Поради невремето имаше прекин на електричната енергија во центарот на градот, а пожарникарите им помагаа на оние што беа заглавени во лифтови.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус