Утрински Весник
Спорт

Стоилов ја победи короната и се врати во строј пред првиот дуел од ЛШ

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)
Dik 300x250 mk

Македонскиот ракометен репрезентативец, кружниот напаѓач Стојанче Стоилов повторно се врати на тренинзите во Вардар 1961 откако паузираше поради позитивниот тест на Ковид 19. Капитенот на „црвено-црните“ за среќа без никакви симптоми го прележа коронавирусот и комплетно подготвен им се враќа на обврските во екипата.

Стоилов, кој ја пропушти завршницата во СЕХА лигата, сега му е на располагање на тренерот Стевче Алушевски пред првиот предизвик во новата сезона во Лигата на шампиони против Мешков во Брест, Белорусија.

Екипата на Вардар со нов сопственик и со големи промени во играчкиот кадар сезонава ќе атакува на пласман во нокаут фазата на елитното ракометно натпреварување.

Вардарци во вторник летаат за Белорусија каде ден подоцна е мечот против познатиот противник.

> Стоилов ја победи короната и се врати во строј пред првиот дуел од ЛШ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс