Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ќе се реновира Специјализираната болница во Отешево

Филипче: Ќе се реновира Специјализираната болница во Отешево

Министерот за здравство, Венко Филипче ја посети Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања Отешево. Поводот за посетата е 40 години од отворањето на установата и најава за нејзино реновирање.

Во присуство на директорот на болницата, др. Александра Пили, градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, министерот Филипче најави реконструкција на трите павиљони на установата.

„Оваа болница е единствена од ваков вид во државата токму заради спецификите на регионот кои придонесуваат во третманот на пациентите кои имаат хронични респираторни и алергиски проблеми. По 4 децении, оваа установа добива поддршка за реновирање и наскоро ќе започне процесот на обнова“, истакна министерот Филипче.

На годишно ниво во болницата се лекуваат околу 1.000 болнички пациенти, 1.300 амбулантски пациенти и стотина пациенти во дневната болница. Трите павиљони кои се планирани за обнова располагаат со капацитет од 72 болнички кревети, оддел за интерна медицина и оддел за физикална медицина. Работат двајца доктори по физикална медицина и рехабилитација, пулмо-алерголози, доктори по интерна медицина, како и по еден доктор на специјализација по интерна медицина и доктор на медицина.

Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања – Отешево е сместена на западниот брег на Преспанското Езеро и е со идеален гео-климатски фактор за лекување на пациенти со хроничен опструктивен бронхит, белодробен емфизем, бронхијална астма, фибрози, како и постоперативни состојби на бели дробови со намалена белодробна функција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Македонија не заслужува да биде држава ако немаме правда за Кочани

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ – прва пратка предадена во Кочани

Сиљановска-Давкова од Тирана: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ