Утрински Весник
Македонија

Дете се удави во Брегалница

Дете се удави во Брегалница

Се удави 14-годишно дете од Виница во водите на Брегалница.

Тој со уште неколку други деца вчера напладне заминале кон мост во селото Истибања и влегле во реката за да се капат.

Момчето кое го одвела водата било барано околу пет часа од страна на полициски службеници од Виница и Територијалната противпожарна единица кои дошле на местото на несреќата.

Од полицијата информираат дека лекар констатирал смрт, а телото на починатиот е дадено на семејството.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ангелов: Најмалку 11 активни пожари во државата, најкритично кај Струмица, Студеничани и Желино

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега