Утрински Весник
Свет

Мексикански активисти протестираа против насилството, запалија владина зграда

Мексикански активисти протестираа против насилството, запалија владина зграда
Dik 300x250 mk

Активисти од Мексико вчера упаднаа во зграда на владината комисија за човекови права, за време на протестот против насилството врз жените, пренесува Ројтерс.

Тие со спреј ја обоија зградата и фрлија молотови коктели. Потоа околу 25 маскирани жени влегоа во зградата и ја запалија одвнатре.

Полицијата уапси тринаесет жени, кои подоцна беа ослободени откако на социјалните мрежи почнаа да кружат гласини за лошо постапување на полицијата кон нив.

Активистите кои предупредуваа на неразјаснети убистви на жени, минатата недела ја окупираа и канцеларијата на Федералната комисија за човекови права во Мексико Сити.

Медиумското известување за протестите помогна да се отвори дебата на оваа тема, а протестите се проширија и во другите градови во земјата.

Убиствата на жени пораснале за 5,4 проценти во однос на минатата година. Само во јули, 74 жени биле убиени.

Државното обвинителство соопшти дека полицијата ги почитувала правилата и протоколите при апсењето на 13 жени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген