Утрински Весник
Македонија

Царовска на прва средба со ректорите на универзитетите: Заеднички ќе создаваме квалитетно високо образование

Царовска на прва средба со ректорите на универзитетите: Заеднички ќе создаваме квалитетно високо образование

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денес одржа прв работен состанок со ректорите од универзитетите во државата.

Капиталните инвестиции во високоообразовните институции, развојот на науката и научниот кадар беа тема на разговор на состанокот.

Министерката истакна дека МОН ќе ја продолжи и интензивира соработка со универзитетите, но и дека ќе ја почитува автономијата и експертско мислење на академската заедница во носењето на сите важни политики и реформи.

Беше заклучено и дека е неопходна целосна анализа којашто ќе помогне во креирањето политики за подобрување и унапредување на функционирањето на универзитетите и научната дејност во државата.

На состанокот се зборуваше и за стартот на академската година во услови на Ковид-19, при што ректорите информираа дека дел од универзитетите ги завршиле, а дел сè уште ги прават анкетите на студентите за начинот на реализирање на наставата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ангелов: Најмалку 11 активни пожари во државата, најкритично кај Струмица, Студеничани и Желино

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега