Утрински Весник
Македонија

Апанажа побарале 44 пратеници од минатиот собраниски состав

Апанажа побарале 44 пратеници од минатиот собраниски состав

Четириесет и четворица пратеници од минатиот парламентарен состав доставиле барања до Собранието за апанажа, брифира претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој на денешната средба со новинарите рече дека се’ уште трае рокот за поднесување барање за надомест по престанок на функција од поранешните министри.

Доколку од Владата добие предлог за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери, вклучувајќи ги и пратениците, Џафери најави дека овој предлог ќе достави на гласање. Рече дека ако некои пратеници се откажат од користењето службени возила ќе им обезбеди паркинг за тротинети.

Минатата недела премиерот Зоран Заев изјави дека на поранешните пратеници ќе им понуди работа во администрација за да се откажат од апанажата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МВР приведе 18 возачи, најголем дел возеле без возачка дозвола

Драма кај Штип: Бегајќи од пламените јазици, возач предизвикал директен судир со друго возило

Голема полициска акција низ Македонија: Приведени 23 лица за дрога