Утрински Весник
Економија

Ангеловска-Бежоска: Потребно е да се работи на натамошно јакнење на сајбер-безбедноста на финансискиот сектор

Ангеловска-Бежоска: Потребно е да се работи на натамошно јакнење на сајбер-безбедноста на финансискиот сектор

Во изминативе години, централните банки и другите финансиски регулатори значајно ги интензивираа напорите за унапредување на сајбер-безбедноста во финансискиот сектор. Но, контекстот што го наметнува ковид-кризата, создава простор за зголемување на нападите од безбедносниот простор, заради што на глобално ниво е потребно да се работи на натамошно јакнење на механизмите за заштита на финансискиот сектор од овој ризик. Ова беше повод и тема на е-состанокот на гувернери на централни банки организиран од Банката за меѓународни порамнувања (БИС), на којшто активно учествуваше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Како што беше нагласено на состанокот, условите за работа по избувнување на пандемијата на ковид-19, вклучително и работењето од дома, резултираат со поголем број на сајбер-напади во финансискиот сектор. Согласно спроведената анкета (FS-ISAC), во глобални рамки, овие напади биле помалку од 5.000 неделно во февруари, но се зголемиле на 200.000 неделно кон крајот на април оваа година, а и дополнително пораснале за една третина во периодот мај-јуни споредено со периодот март-април. Учеството на сајбер-инцидентите кај банките, како вид на оперативен ризик, сепак е релативно мало во споредба со вкупниот оперативен ризик, но се зголемува. Во напорите за држење на овие ризици под контрола клучна е супервизорската рамка.

„Состојбата во нашата земја во поглед на сајбер-нападите постојано се унапредува во изминативе години, при што се донесе и посебна подзаконска регулатива со којашто се бара од банките да ги унапредат сигурносните стандарди. Притоа, од банките се бара да обезбедат соодветно ниво на подготвеност од заканите од дигиталниот простор, како за меѓубанкарските плаќања, туку за сите други финансиски активности што ги извршуваат. Во тој контекст исклучително важно е што нашиот банкарски систем е усогласен со сигурносните стандарди за СВИФТ. Истовремено, во изминатите години се презедоа и низа активности за заштита од сајбер-напади на другите сегменти на финансискиот сектор“, вели гувернерката.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија