Вонбрачната ќерка на поранешниот белгиски крал Алберт Втори на суд во Брисел ги бара истите права и титули како и законските деца на нејзиниот татко.
Вонбрачната ќерка на поранешниот крал на Белгија, уметничката Делфин Боел (52), побара од судот во Брисел истите права и титули како и законските деца на нејзиниот татко.
Адвокатот на поранешниот белгиски крал рече дека Делфин може да ја добие титулата принцеза само со кралски декрет, а не со судска одлука.
Поранешниот белгиски крал Алберт Втори во јануари годинава призна дека е татко на Делфин Боел, откако повеќе од една деценија го оспоруваше нејзиното барање за признавање на татковство.
Мајката на делфин, баронесата Сибил де Селис Лончан, тврди дека таа била во врска со Алберт 18 години пред тој да биде прогласен за крал.
Гласините за вонбрачното дете на поранешниот белгиски крал првпат се појавија во 1999 година, во неавторизирана биографија на неговата сопруга, кралицата Паола.
Делфин Боел рече дека кралот Алберт Втори е нејзин биолошки татко во едно интервју во 2005 година. Таа не ги побарала своите права на суд се до 2013 година, кога нејзиниот татко абдицирал, со што го изгубил правото на имунитет од кривично гонење.
Поранешниот белгиски крал Алберт Втори со одлука на судот одби да направи ДНК-тест за утврдување на татковство, сè додека не беше казнет со 5.000 евра на ден за понатамошно одложување на неговото спроведување.
Во јануари оваа година, 86-годишниот поранешен крал на Белгија изјави дека ја признава Делфин Боел како четврто дете, откако, како што тврди, дознал за тоа врз основа на резултатите од ДНК-тестовите.