Утрински Весник
Свет

Во Црна Гора, секое петто лице заразено со коронавирус

Во Црна Гора, секое петто лице заразено со коронавирус

Во последните 24 часа, потврдени се 128 нови инфекции со коронавирус во Црна Гора.

Според Институтот за јавно здравје, анализирани се 569 примероци.

Закрепнување е регистрирано кај 43 пациенти.

Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора во моментов е 1.715.

Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со коронавирус е 6.222.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекција со Ковид-19 останува непроменет – од почетокот на јуни е 105, а од почетокот на годината 114.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Сеута погребани 18 мигранти кои загинаа во масовниот упад

Иран: Најавената „економска војна“ на САД е кршење на меѓународното право

Возеле во контра правец и се снимале за Тик Ток, пет тинејџери загинаа во Ирска