Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Центар

Овчар загина од удар на гром во светиниколско

Дваесет и деветгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во центарот на Скопје.

Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 21.45 часот  на крстосница од ул.„11-ти Октомври, ул.„Даме Груев“ и ул.„Филип Втори Македонски“.

Во несреќата учествувале мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(29) од Скопје и патничко моторно возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа

ВЛЕН: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите