Утрински Весник
Македонија

Општина Кисела Вода на 15 септември ќе почне да собира кабаст отпад

Општина Кисела Вода на 15 септември ќе почне да собира кабаст отпад

Општина Кисела Вода на 15 септември ќе почне да спроведува акција за собирање кабаст отпад, стар мебел и електронски уреди.

Општината услугата за собирање и транспорт на отпадот ќе ја врши бесплатно со свои возила од домовите на граѓаните.

Жителите на Кисела Вода секој работен ден, во периодот од 8 до 16 часот, услугата за собирање отпад можат да ја побараат на телефонскиот број 072/313-331.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да не одложуваат отпад на јавните површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота и со тоа да придонесат за чисти паркови и чисти зелени површини.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Живковски: Најскапиот стан во Скопје продаден за 3.070 евра квадрат

Агелер: Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени

На 20 декември во Скопје ДУИ ќе го одржи петтиот партиски конгрес