Утрински Весник
Македонија

Маричиќ – Здравев: Судскиот совет е клучен за спроведувањето на прочистувањето на судството

Маричиќ – Здравев: Судскиот совет е клучен за спроведувањето на прочистувањето на судството

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.

На средбата се дискутирало околу спроведувањето на Законот за Судскиот совет, како и околу улогата на Судскиот совет во поглед на отворањето на Поглавјето 23 и исполнувањето на европските стандарди за независно и ефикасно судство.

„Во фокусот на денешната средба беше темата за зајакнување на одговорноста на судиите. Министерот Маричиќ истакна дека Судскиот совет е клучната институција која треба да го спроведе објективното и непристрасно прочистување на судството, во соработка со меѓународните партнери. Маричиќ истакна и дека наскоро се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи со висока корупција, но и дека ќе биде сојузник и поддршка за кадровското зајакнување на судовите со стручни соработници“, соопштија од Министерството за правда.

Маричиќ истакнал дека иако ситуацијата со Ковид-19 го спречило Министерството за правда да врши редовен надзор над функционалноста на АКМИС-от во судовите, дека сепак надзорите ќе продолжат во наредниот период.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ТДП реагира на лидерската средба: Власта го заборава мултиетничкиот карактер на државата

Замрзната имиграцијата кон САД од Македонија и уште 74 земји

СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија