Популацијата на дивиот свет опадна за повеќе од две третини за помалку од 50 години, се вели во главниот извештај на групата за заштита на животни.
Во извештајот се вели дека овој „катастрофален пад“ не покажува знаци на забавување и предупредува дека природата ја уништуваат луѓето со стапка што не била видена досега.
„ Дивиот свет е „во пад“ бидејќи согоруваме шуми, прекумерно ги ловиме морињата и ги уништуваме дивите области“ изјави Тања Стил, извршен директор на групата за заштита на животните (WWF).
„ Ние го уништуваме нашиот свет – единственото место што го нарекуваме дом – ризикувајќи го нашето здравје, безбедност и опстанок тука на Земјата. Сега природата ни испраќа очаен повик за помош и времето истекува” додаде Стил.
Во извештајот беа разгледани илјадници различни видови диви животни кои ги следат научниците за заштита на живеалиштата низ светот.
Тие забележале просечен пад од 68 проценти во повеќе од 20.000 популации на цицачи, птици, водоземци, влекачи и риби од 1970 година.
„ Падот беше јасен доказ дека човечката активност му нанесува штета на природниот свет“ вели д-р Ендру Тери, директор за заштита на зоолошкото друштво во Лондон (ЗСЛ).
„ Ако ништо не се смени, популацијата несомнено ќе продолжи да опаѓа, водејќи го дивиот свет до истребување и загрозувајќи го интегритетот на екосистемите од кои зависиме“, додаде тој.
Во извештајот се вели дека пандемијата на Ковид-19 е силен потсетник за тоа како се испреплетени природата и луѓето.
Факторите за кои се верува дека доведуваат до појава на пандемии – вклучително и губење живеалишта и употреба и трговија со диви животни – се исто така некои од двигателите на падот на дивиот свет.