Утрински Весник
Свет

Новинар убиен и обезглавен во Мексико

Новинар убиен и обезглавен во Мексико
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Еден новинар е убиен и обезглавен во мексиканската држава Веракруз, соопштија мексиканските медиуми. Весникот „Ел Мундо“, чие седиште е во градот Кордоба, наведува дека телото на новинарот Хулио Валдиви било пронајдено кај неговиот мотоцикл на железничка пруга во градот Моцоронго.

Валвиди известувал за рурални зони во близина на границата со мексиканската држава Оахака, која веќе долго време се бори со насилство меѓу бандите.

Тој е најмалку шести новинар, кој оваа година е убиен во Мексико.

Комитетот за заштита на новинари го осуди овој ужасен настан и ги повика властите итно да ги идентификуваат одговорните.

Над 140 новинари се убиени во Мексико изминатите 20 години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пад на увозот на нафта во ЕУ во првите три квартали од 2025 година

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј