Утрински Весник
Македонија

Хронично болните се враќаат на работа, но има неколку исклучоци

Хронично болните се враќаат на работа, но има неколку исклучоци
Dik 300x250 mk

На денешната владина седница усвоени се предлозите на Комисијата за заразни болести за вработените лица кои се ослободени од работа, врз основа на утврдената листа на хронични болести, да се вратат на своите работни места.

Како што информираат од владината прес-служба, исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.

Бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се бара притвор за разбојник од Маџари

Заменик министерот на МВР: Нула толеранција за говор на омраза кон Албанците

Потврден притворот за Рустеми и Саити – обвинети за загрозување на животната средина со отпад