Утрински Весник
Свет

Во Црна Гора втор ден по ред над 200 новозаразени

Црна Гора: 59 новозаболени и 2 починати

Во последните 24 часа во Црна Гора се потврдени 219 нови инфекции со коронавирус и двајца починати пациенти, објави Институтот за јавно здравје.

Во истиот период биле направени вкупно 822 тестирања.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во земјата од почетокот на јуни е 105, а од почетокот на годината 114.

Пријавено е закрепнување кај 38 пациенти.

Вкупниот број на активни случаи во Црна Гора во моментов е 1.630.

Вчера Црна Гора пријави 216 нови случаи на вирусот, што медиумите го пренесоа како дневен рекорд кој црногорските епидемиолози го очекувале по политичките митинзи пред и по парламентарните избори на 30 август.

Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција е 6.094.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЗО се подготвува за можна нуклеарна катастрофа на Блискиот Исток

Кремљ: Го осудуваме убиството на иранските лидери, се шират лажни вести за Русија и Иран

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетската безбедност