Утрински Весник
Спорт

Адетокумбо: Некои ќе наидат на ѕид и се откажуваат, јас не!

Адетокумбо: Некои ќе наидат на ѕид и се откажуваат, јас не!

Грчкиот кошаркарски ас, Јанис Адетокумбо истакна дека не планира да го напушти тимот на Милвоки Бакс откако се појавија такви шпекулации по елиминацијата на „телињата“ во полуфиналето на Истокот од Мајами Хит. Иако Бакси беа со најдобар скор во лигашкиот дел, сепак беа немоќни во пресметките со „жешките“.

„Од ова мораме да извлечеме поука, се надевам дека ќе напредуваме како тим и ќе се вратиме подобри. Ќе изградиме победнички менталитет во Милвоки и секоја година ќе се бориме за титулата“ изјави Адетокумбо.

Се погласно се споменуваат имиња на тимови каде грчкиот кошаркар би ја продолжил кариерата, со оглед на тоа дека е слободен агент по крајот на идната сезона. Сепак, тој ги отфрла таквите наводи.

„Тоа нема да се случи. Некои ќе наидат на ѕид и се откажуваат, јас не! Мораме да бидеме подобри како тим, како поединци и да видиме што ќе биде следната сезона“ – додава тој.

Поради повреда Гркот го пропушти последниот дуел со Мајами.

> Адетокумбо: Некои ќе наидат на ѕид и се откажуваат, јас не! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Заврши првата фаза на Европското првенство во ватерполо

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска

Мурињо го коментираше поразот од Порто