Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара итна и независна истрага за пожарот во Инспекторатот за животна средина

ВМРО-ДПМНЕ бара итна и независна истрага за пожарот во Инспекторатот за животна средина
Dik 300x250 mk

ВМРО-ДПМНЕ бара итна и независна истрага за пожарот во зградата на Секретаријатот за европски прашања и министерството за животна средина што се случи утринава.

„Самиот факт што е запалена архивата на државен орган и тоа во неработно време по неработен ден отвора огромни сомнежи за можни злоупотреби и криење од јавноста на документи кои што според оценка на власта не би требало да се дознаат“, велат од партијата.

Да потсетиме, додаваат од таму, дека ова не е прв случај каде што се уништија документи на државни институции, во минатото бевме сведоци на поплава во СЈО, како и пожар во министерството за правда.

„Расчистување на овие случаи до сега македонската јавност не виде. Независно од тоа дали овој сомнеж ќе се потврди или не, факт е дека несовесно е постапувано со архивата на една државна институција, не успевајќи да се сочува тој материјал. Ваквите сомнежи се основани кога на власт имаме мафија како владата на Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински”

Почнува акцијата „72 часа чисто Скопје“ – Ѓорѓиевски го стартува ветувањето за почист град

Забрана за користење на водата за пиење во Берово поради зголемено присуство на манган