Утрински Весник
Македонија

Заев-Која: Остануваме посветени на меѓусебната соработка за унапредување на реформските процеси

Заев-Која: Остануваме посветени на меѓусебната соработка за унапредување на реформските процеси

Претседателот на Владата, Зоран Заев, оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која. Заев со амбасадорот Која разговараше за состојбата во земјата по одржаните предвремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада.

Тој изрази уверување и посочи дека вториот мандат е одлична можност, Владата во наредниот четиригодишен мандат да продолжи со имплементацијата на заедничките приоритети, членството во НАТО и Европската Унија како и унапредување на добрососедските односи, посветеноста за ефикасно владеење на правото и продолжување на севкупните реформи во земјата за подобрување на стандардот на граѓаните.

Соговорниците се согласија дека долгогодишната соработка со Мисијата на ОБСЕ продолжува во повеќе различни области и програми во насока на унапредување на меѓуетничките односи, реформата на полицијата и безбедносните структури, медиумските слободи, изборните реформи, интегрирано образование, во областа на човековите права и антидискриминацијата.

Соговорниците, исто така, разменија мислење и за предизвиците во справувањето со пандемијата на КОВИД-19, како и за мерките кои се преземаат на национално и локално ниво од институциите во земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?