Утрински Весник
Свет

Доналд Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

Доналд Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир.

Номинацијата ја предложи норвешкиот десничарски политичар Кристијан Тајбринг Џеде заради историскиот мировен договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

„Мислам дека тој направи повеќе обидувајќи се да создаде мир меѓу народите отколку другите кандидати за наградата за мир“, рече тој за „Фокс њуз“.

Во писмото што ја содржи номинацијата се вели дека постои надеж дека и другите земји од Блискиот Исток ќе ги следат чекорите на ОАЕ и дека споменатиот договор може да ги смени правилата на игра на Блискиот Исток и да дојде до соработка и напредок во регионот.

Тој исто така ја истакна улогата што американскиот претседател ја има во посредувањето меѓу конфликтните страни, како што се Индија и Пакистан, Северна и Јужна Кореја. Тој го спомена и повлекувањето на американските трупи од Блискиот Исток.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон разговарал со Пезешкијан за Ормуска Теснина

Американските сили онеспособија ирански танкер во Омански Залив

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут