Утрински Весник
Македонија

Штајнмаjер: Германија е искрен и доверлив партнер на Северна Македонија

Штајнмаjер: Германија е искрен и доверлив партнер на Северна Македонија

По повод 8 Септември, Денот на независноста, писмо со честитка до претседателот Пендаровски испрати претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

Во честитката тој пишува дека Германија е искрен и доверлив партнер, кој ќе продолжи и понатаму да ја поддржува Северна Македонија во приближувањето кон Европската Унија како и при совладувањето на последиците од пандемијата.

„По повод Денот на независноста, Вам и на граѓаните и граѓанките на Северна Македонија, Ви честитам срдечно и во името на моите сонародници.

Оваа година Вашата земја можеше да се радува не само на приемот во НАТО, туку и на одлуката на Европскиот совет за започнување на пристапни преговори со ЕУ. Со историскиот договор за прашањето за името со Грција и важните реформи, Северна Македонија значително придонесе за тоа. Уште позначајно останува ангажираното продолжување на реформите во централните области: владеење на правото, доброто владеење како и одржување на добрососедските односи. Германија и понатаму ќе ја поддржува Вашата земја во приближувањето кон Европската Унија како и при совладувањето на последиците од пандемијата од КОВИД-19, како искрен и доверлив партнер.

Вам и на Вашите сонародници Ви посакувам лично добро и среќна иднина за Вашата земја“, се наведува во честитката на Штајмаер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силјановска – Давкова положи венец пред спомен плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим

СДММ: Сергеј Попов без кацига на мотор, ќе го казни ли Тошковски?

Манасков: ВМРО-ДПМНЕ ги изневери просветните работници и учениците