Утрински Весник
Свет

По Марија Колесникова, маскирани лица уапсиле и белоруски опозициски политичар

По Марија Колесникова, маскирани лица уапсиле и белоруски опозициски политичар

Маскирани мажи во цивилна облека го уапсија белорускиот опозициски политичар Максим Знак, јави „Интерфакс“, повикувајќи се на неговите сојузници.

Наводното апсење на Знак се случи два дена откако и се случи слично нешто на Марија Колесникова, еднa од водачите на масовните демонстрации против претседателот Александар Лукашенко.

Знак е последниот член на опозицискиот координативен совет кој беше активен во Белорусија, заедно со добитничката на Нобеловата награда и писателка Светлана Алексијевич. Сите други членови на Советот избегаа во странство или беа принудени да ја напуштат земјата како дел од акцијата на безбедносните сили.

Адвокатот на Знак изјави дека членовите на државната комисија за истрага извршиле претрес во станот на неговиот клиент и дека тој бил предмет на судска постапка.

Државните истражни органи исто така извршија претрес во канцеларијата на затворениот опозициски политичар Виктор Бабарик, рече очевидец во Минск.

Колесникова спречи обид да биде депортирана во Украина со кинење на нејзиниот пасош вчера, рекоа двајца нејзини сојузници. Таа сега е во притвор во Белорусија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Барел нафта во Дубаи на рекордни 166 долари

Полицијата во Абу Даби соопшти дека уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток

Патријархот на Украинската православна црква, Филарет почина на 97 години