Утрински Весник
Свет

НАТО го осуди затворањето и киднапирањето на претставници на белоруската опозиција

Столтенберг: НАТО се обидува да избегне инцидент помеѓу Грција и Турција

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес ги осуди, како што рече, затворањето и киднапирањето, на активисти на белоруската опозиција.

За време на телефонските разговори со министрите за надворешни работи на Летонија, Полска и Естонија, Столтенберг изразил сериозна загриженост за произволното притворање и киднапирање на опозициски активисти, нарекувајќи го тоа неприфатливо кршење на меѓународните норми, се вели во соопштението за печатот.

Во однос на тврдењата на белоруските власти дека НАТО трупа војници во соседството, Столтенберг истакнал дека НАТО останува строго одбранбен и подготвен да спречи каква било агресија против сојузниците.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски ги повика странските претставници да не присуствуваат на парадата на 9 мај во Москва

САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормуската Теснина

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини