Повредата на Николо Заниоло во втор план ја фрли победата на Италија во Холандија (1:0) во Лигата на нации. Младиот ас на Рома пред два месеци му се врати на фудбалот откако имаше долга рехабилитација поради иста повреда на другото колено.
„Го истегна коленото. Тешко е да се споредува стабилноста со другото колено бидејќи тоа веќе е оперирано. Тој се врати во долгиот процес на рехабилитација на другото колено, загрижен е“, рекол докторот на италијанската репрезентација професорот Андреа Ферети.
Повеќе детали околу повредата на Заниоло, поради која теренот во Амстердам го напушти по 27 минути игра ќе бидат познати во текот на денот. Доколку повторно ги скинал лигаментите му следува пауза помеѓу шест и осум месеци. Тоа значи дека би ја пропуштил речиси целата сезона, а ќе биде неизвесен неговиот настап и на Европското првенство.
> Заниоло повторно го повреди коленото <