Утрински Весник
Свет

Во Црна Гора 106 нови случаи на коронавирус

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 106 нови случаи на коронавирус и еден смртен случај, објави Институтот за јавно здравје. Тестирани се 380 лица.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, ги повика граѓаните да се воздржат од масовни собири.

Мугоша го изјави ова еден ден по одржувањето на собир на Плоштадот на независноста во Подгорица на таканаречениот патриотски блок, непознат за јавноста, на кој, според проценките на полицијата, присуствувале 50.000 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руски дронови на небото над Полска, активирана воздушната одбрана, свикан итен состанок на државниот врв

Макрон избра нов премиер на Франција

Орбан за приемот на Украина: Проширувањето на ЕУ не може да се базира на лицемерие и двојни стандарди