Утрински Весник
Свет

Турција со критики за Франција поради учебник по историја со пропаганда за ПКК

Турција со критики за Франција поради учебник по историја со пропаганда за ПКК

Турција во неделата жестоко ја критикуваше Франција поради учебникот што треба да се користи во француските средни училишта кој вклучува пропаганда од Курдската работничка партија ( ЈПГ / ПКК) , пренесува „Анадолија“.

„Учебникот од кој ќе се учи во средните училишта во Франција вклучува информации во врска со Курдите во согласност со сепаратистичката идеологија на терористичката организација ЈПГ / ПКК. Ставовите и предупредувањата во претходните изјави на Турција – во врска со поддршката на Франција за терористичката организациј, која ја загрозува националната безбедност на Турција, и инсистирањето дека се греши при изедначување на сириските Курди со ПКК / ЈПГ – сè уште важат“, рече портпаролот на турското Министерството за надворешни работи, Хами Аксој.

Аксој вели дека обидите на Франција да ги изгради своите надворешнополитички преференции на речиси сите прашања засновани на нејзината антитурска реторика додека се обидува да ги искриви историските вистини и законот се загрижувачки.

„Очигледно е дека оваа терористичка пропаганда, која е резултат на официјалната политика на Франција, бил иницирана со храброст земена од оние што се домаќини на т.н. претставници на терористичката организација во Претседателската палата“, подвлече тој.

Основната причина за овие неосновани обвинувања е длабокото разочарување што произлегува од ударот што Турција им го зададе со операцијата „Мировна пролет“ на плановите на Франција за формирање терористичка држава.

„Француските власти ги опишаа антитерористичките операции на Турција – извршени за да се обезбеди безбедност и стабилност во регионот со почитување на територијалниот интегритет на Сирија – како обид за инвазија“, рече тој.

Искривеното претставување на идеолошките догми и политичките интереси во учебниците претставува сериозна опасност за идните генерации и Турција ќе продолжи одблиску да го следи ова прашање сè додека Франција не ја поправи својата грешка во својот сектор за образование“, додаде тој.

Во Франција во помошен учебник подготвен за часовите по историја за наставата во последната година од средното училиште е вклучен дел за ЈПГ/ПКК. Едукативниот материјал, кој не се наоѓа во наставната програма на француското Министерство за образование, е подготвен како помошна книга за учебната 2020-2021 година. Книгата вклучува две страници во кои се опишува терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Според информациите на „Анадолија“, помошниот учебник е објавен од издавачката куќа „Белин“. Учебникот нема да се користи во сите училишта во земјата, но наставниците што предаваат историја имаат можност да ја користат книгата по своја иницијатива.

Во книгата, во делот со наслов „Нација без држава: Курди“, стои изразот „Курдите се најголемата нација во светот без држава“. Книгата содржи хронолошки информации за историјата на Курдската работничка партија (ПКК), а содржи информации и за Пешмергите.

Во книгата, исто така, има обејежја што ја симболизираат ЈПГ и фотографии од униформирани терористи со оружје. Покрај тоа, во книгата се користи и статија на „Ле монд“ под наслов „Сирија, крајот на Курдистан“, напишана на 21 октомври 2019 година.

Во текстот се тврди дека операцијата „Извор на мирот“, што ја почна претседателот Реџеп Таип Ердоган за да ја гарантира безбедноста на границите на Турција и за спречување на создавањето терористички коридор, е против Курдите.

Поддршката за ЈПГ/ПКК во Сирија од страна на Франција, САД и неколку други западни земји стана еден од камењата на сопнување во билатералните врски меѓу Турција и нејзините двајца сојузници во НАТО.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков