Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: Мицкоски нека каже кој му ги спонзорира протестите против европскиот пат

(Видео) Кузеска: Мицкоски нека каже кој му ги спонзорира протестите против европскиот пат

Протестите што денеска ги најави, се последните обиди на Мицкоски за спас на неговата фотелја во Белиот дворец, истакна портпаролка на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Очаен и фрустриран од третиот последователен пораз од граѓаните, тој повторно ќе ги малтретира своите сопартијци по улиците како што тоа го правеше и претходно после секој пораз“, нагласи таа додавајќи дека загриженост за струјата глуми оној кој ја поскапил 100% и ја укинал евтината тарифа.

Кузеска посочи и дека Мицкоски ќе протестира против правдата која доаѓа и европскиот пат на земјата.

„Но тој пат го избраа граѓаните, поразениот од народот, не може да се повикува на народот“, рече партиската портпаролка која додаде и дека Мицкоски нема поддршка од граѓаните и затоа нема да успее во своите намери.

Според Кузеска, кога веќе ги најавува протестите, Мицкоски треба да каже и кој ја платил логистиката за нивно одржување.

„Орце Камчев или Никола Груевски? Или математички прецизно, ќе го сторат тоа по принципот 50-50“, запраша таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ 

Патриотизмот не е парола, туку одговорност

СТАНОВИТЕ СТАНАА ЛУКСУЗ: Скопје поскапува, а во Европа квадрат чини и над 22.000 евра