Утрински Весник
Спорт

Љуљзим Вренези утре ќе ја прими наградата „8 Септември“ за животно дело

Љуљзим Вренези утре ќе ја прими наградата „8 Септември“ за животно дело

Во Кристалната сала на македонското Собрание, утре во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“, ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2020 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници.

Љуљзим Вренези е овогодинешниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план.

Наградите со кои што се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Сократ Ефтимовски, Бесник Мурати, Ванчо Јовановски и Ѓорги Вучков.

> Љуљзим Вренези утре ќе ја прими наградата „8 Септември“ за животно дело <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Олимпискиот оган од античка Олимпија тргна кон Милано и Кортина за ЗОИ

Турски клуб тренира со само седум фудбалери по скандалот со обложување

Суперлигата ја тужи УЕФА – 24info.mk