Утрински Весник
Економија

Од полноќ поевтинување на горивата

Од полноќ поевтинување на горивата

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари по литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од минатата недела и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,50 денари за литар, додека цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 денари и ќе изнесува 50,50 денари по литар.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 50,50, а Мазутот М-1 НС за 25,956 дененари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа: на бензинот за 3,103 %,на дизелот за 5,626%, на екстра лесното масло за 5,358% и на мазутот за 2,497% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,64%.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Прва средба меѓу гувернерот Славески и претставникот на ЕИБ во нашата земја

СДСМ: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата – инфлација од 3,3% го изеде стандардот

МЗШВ: Објавени три јавни повици за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година