Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Уапсена белоруската опозиционерка Марија Колесникова

Уапсена белоруската опозиционерка Марија Колесникова
Img 7972

Белоруската политичарка Марија Колесникова, едeн од ретките опозициски лидери што не е во егзил, е уапсена утрово, соопштија нејзините соработници.

Според тие извори, непознати лица ја одвезле Колесникова во непознат правец, а таа не одговарала на телефон.

Колесникова е член на опозицискиот координативен совет, кој е под истрага на белоруските власти.

Белоруската полиција денес објави дека 633 лица биле уапсени на демонстрациите што се одржаа во Минск претходниот ден поради спорниот реизбор на Александар Лукашенко за претседател.

„Вчера беа приведени вкупно 633 лица за кршење на законот за масовни настани“, се вели во соопштението на белоруското Министерство за внатрешни работи, прецизирајќи дека биле приведени 363 лица.

Повеќе од 100.000 луѓе протестираа вчера во Минск, четврти викенд по ред, а голем број полицајци и војници беа распоредени на улиците.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа