Утрински Весник
Свет

(Видео) Пет брода потонаа на предизборна парада за Трамп во Тексас

(Видео) Пет брода потонаа на предизборна парада за Трамп во Тексас

Дури пет мали бродови кои биле дел од парадата за поддршка на предизборната кампањата на Трамп, за негов нов претседателски мандат, потонале во езерото Тревис во близина на Остин, Тексас.

„Украсете ги своите бродови со патриотски бои и развејте онолку знамиња на Трамп колку што можат да издржат вашите пловила!“, гласела поканата со која поддржувачите на актуелниот американски претседател биле повикани на парадата. „Ајде да испретиме силна порака“, било наведено во истата.

Меѓутоа, пораката не испаднала токму како што се надевале. Кога стотици бродчиња започнале да се движат заедно, тоа создало големи проблеми за учесниците. Наскоро, шерифот во округот Тревис добил 15 повици за помош.

„Речиси веднаш по започнувањето на парадата, почнавме да примаме повици за помош од бродовите“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот. „Итните повици беа разновидни и вклучуваа: бродчиња во кои навлегла вода, мотори кои престанале да работат, превртени чамци и бродови што тонат“.

Повеќето бродчиња во кои навлегла вода успеале да се извлечат пред да завршат на дното на езерото, соопшти канцеларијата на шерифот. Но, пет бродови потонале. Три биле извлечени, а два и натаму се на дното на езерото.

Никој од оние кои повикале помош не е повреден, информираа од канцеларијата на шерифот.

Од таму соопштија и дека не нашле докази за можна саботажа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија