Утрински Весник
Свет

Поранешен претседател на Светска банка: Светот може повторно да изгледа како во 1900 година

Поранешен претседател на Светска банка: Светот може повторно да изгледа како во 1900 година

Поранешниот претседател на Светска банка Роберт Зелик предупреди дека светот би можел повторно да изгледа како во 1900 година, доколку земјите не работат заедно за да ја решат сегашната криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Зелик, кој сега е консултант, некогаш беше директор на Голдман Сакс банка и заменик државен секретар на САД, и советуваше шест американски претседатели, меѓу кои и Џорџ Буш постариот и Џорџ Буш помладиот. Единствениот начин светската економија да се справи со рецесијата е меѓудржавната соработка, додека тензијата меѓу Кина и Америка може дополнително да ја влоши ситуацијата, смета тој, пренесува „Би-би-си“.

Ако земјите се оддалечат од глобализацијата и ги следат националните интереси, светот, вели тој, може да личи на ситуацијата од 1900 година.

Зелик управуваше со Светската банка од 2007 до 2012 година, за време на глобалната финансиска криза, за која вели: „Кризата од 2008 и 2009 година беше многу сериозен настан, но имавме соработка со групата Г20 и централните банки. Претседателите Џорџ Буш и Барак Обама беа дел од меѓународните напори заедно со тогашниот британски премиер Гордон Браун. Дури и Кина во тоа време соработуваше на различни начини. Ние денес го немаме тоа чувство за соработка“. Тој ги повика САД да соработуваат со Кина во изнаоѓање решение за пандемијата наместо да ја обвинуваат за пандемија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд