Утрински Весник
Свет

„Амазон“ доби дозвола да врши испорака со беспилотни летала

„Амазон“ доби дозвола да врши испорака со беспилотни летала

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА) го одобри управувањето на „Амазон“ со флотата на беспилотни летала за испорака на пакети Prime Air, објави ITIF.

Амазон започна со тестирање на своите беспилотни летала уште во 2013 година и аплицираше за одобрување на ФАА во август минатата година, наведувајќи дека беспилотните летала ќе испорачуваат пакети со тежина до пет килограми во области со мала густина на население.

На тој начин „Амазон“ сака да го скрати времето на испорака во помалку населените места на 30 минути или помалку, објави „Себиз“.

За да може со дрон во САД „да се носи нечиј имот за комерцијални цели“, компаниите мора да добијат сертификат Дел 135, кој ФАА првично го создаде за чартер авиокомпании, а подоцна го адаптираше за беспилотни летала.

Амазон е трета компанија што го доби овој сертификат за испорака со беспилотни летала, откако Винг авијација, подружница на Алфабета и УПС ги добија тие сертификати минатата година, но не ги применуваа значително за испорака со беспилотни летала.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти

Зошто Трамп ја презема контролата врз полицијата и ја испраќа Националната гарда во Вашингтон?

Крајнодесничарската АфД за првпат стана најпопуларна партија во Германија