Утрински Весник
Свет

Индија го надмина Бразил по бројот на заразени со коронавирус

Индија го надмина Бразил по бројот на заразени со коронавирус

Индија забележа повеќе од 90.000 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа и го надмина Бразил според вкупниот број на заразени, соопштија официјалните лица.

Оваа земја сега го има вториот најголем број на заразени со вирусот во светот – 4.204.613. Забележани се 71.642 смртни случаи, со што Индија е трета земја во светот по бројот на починати.

Зголемувањето на бројот на нови случаи претежно е регистрирано во пет индиски држави, пренесува „Би-Би-Си“.

Епидемијата се шири во време кога властите продолжуваат да ги укинуваат ограничувањата во обид да ја зајакнат економијата, бидејќи милиони луѓе останаа без работа од појавата на вирусот во март.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранскиот парламент го одобри законот за суспензија на соработката со МААЕ

Велика Британија купува 12 авиони F-35A што можат да носат нуклеарно оружје

Руте продолжи да го фали Трамп за нападите во Иран и покрај проценката на американското разузнавање