Капитенот Серхио Рамос постигна два гола, Ансу Фати стана најмладиот стрелец во историјата на репрезентацијата, а Феран Торес ги „дотолчи“ Украинците, за Шпанија да стигне до импресивна 4:0 победа над Украина на „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид во меч од Лигата на нации на УЕФА, додека Германците вторпат одигруваат 1:1, овојпат на гостувањето кај Швајцарија.
Шпанцитево првото коло се спасуваа во последните минути од пораз од Германија, но дома против Украина на Андриј Шевченко почнаа силно и завршија силно. Серхио Рамос уште во третата минута од пенал ги донесе во водство, за во 29. минута да го удвои водството, пред Ансу Фати во 32 минута да постигне убав гол од далечина. Торес во 84. минута само го потврди триумфот за тимот на Луис Енрике.
Во Базел пак, Германија имаше водство од 14. минута со голот на Илкај Гундоган, но Швајцарците успеаја да израмнат преку Силван Видмер во 58. минута.
Во Лига Б, Србија играше со играч помалку речиси цело полувреме по црвениот картон за Александар Коларов и одигра само 0:0 со Турција, додека во Лига Ц, Грција успеа да стигне до 2:1 победа над Косово во Приштина.
ЛИГА А, ГРУПА 4
Шпанија – Украина 3:0
Швајцарија – Германија 1:1
Табела: 1.Шпанија 4, 2.Украина 3, 3.Германија 2, 4.Швајцарија 1
ЛИГА Б, ГРУПА 3
Србија – Турција 0:0
Табела: 1.Русија 6, 2.Унгарија 3, 3.Турција 1, 4.Србија 1
ЛИГА Ц, ГРУПА 3
Косово – Грција 1:2
Табела: 1.Грција 4, 2.Словенија 4, 3.Косово 1, 4.Молдавија 1
ЛИГА Д, ГРУПА 1
Малта – Летонија 1:1
Табела: 1.Фарски О. 6, 2.Летонија 2, 3.Малта 1, 4.Андора 1
ШПАНИЈА – УКРАИНА
ШВАЈЦАРИЈА – ГЕРМАНИЈА
> Шпанците ја „сомлеа“ Украина, Германија само со реми кај Швајцарија <